Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски денеска го комплетираше трансферот во Мајорка со која потпиша четиригодишен договор.

„Среќен сум што ќе бидам дел од овој клуб и од овој проект. Се надевам дека ова ќе биде добра и успешна сезона. Напред Мајорка.“ – изјави Трајковски.

Крилниот напаѓач ќе биде вториот Македонец по Енис Барди (Леванте) кој оваа година ќе игра во најсилната фудбалска лига во Шпанија.