Един Џеко се враќа во Англија. Како што тврди специјализираниот портал „Трансфермаркт“, капитенот на Рома, би требало да се врати во Англија, во дресот на Евертон.

Вредноста на репрезентативецот на Босна и Херцеговина се проценува на 8 милиони евра. За Џеко интерес има од многу европски гиганти, а се во акција тргна и Евертон.

Карло Анчелоти е свесен дека во нападот од Доминик Калверт- Луин нема други опции, кога станува збор за класична „деветка“, па обично на тоа место влегува Ричарлисон.