Турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу има договор со Милан до крајот на оваа сезона, а засега тешко дека ќе успее истиот да биде продолжен. Според италијанските мдуми, Јувентус е блиску до потпис со Чалханоглу, со оглед на тоа што Турчинот ги прифатил условите на Старата дама.

Во меѓувреме, медиумите блиски до Милан објавуваат дека Милан веќе нашол замена за Хакан, а таа доаѓа од Рома. Имено, ерменскиот репрезентативец, Хенрик Михтарјан на крајот на сезоната ќе го напушти клубот од Рим, а кариерата би можел да ја продолжи на Сан Сиро.

Иако зад него е одлична сезона во Калчото, каде постигна досега 11 голови и подели 10 асистенции, тој одлучи да го напушти Олимпико поради доаѓањето на Жозе Мурињо во Рома, поради кого го напушти Манчестер Јунајтед пред три години.

Милан би сакал да го доведе во своите редови, но проблем во реализацијата на овој трансфер може да претставуваат условите на Михтарјан, со оглед на тоа што тој бара договор во траење од две години, со пет милиони евра годишна плата.

Но, италијанските медиуми се увередни дека 32 годишниот фудбалер ќе се согласи на компромис и на крајот ќе го наследи Хакан Чалханоглу.