Како што јавува „BBC“ трансферот на Марио Манџукиќ во Јунајтед пропаднал. Двете страни не постигнале договор, денеска е последен ден во Англија за трансфери .

Супер Марио останува во Јувентус, клубот од Торино и Јунајтед не се договориле за отштетата на Хрватот и тој и натаму е играч на “старата дама“.

Манџукиќ според информациите на „BBC“ барал 150.000 фунти неделна плата, тоа за првите луѓе на Јунајтед било неприфатливо .