Тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски е задоволен од победата во првото коло против Шкендија во Струмица.

Се беше наклонето на тимот од Струмица денеска, дисциплината во играта на тимот донесе резултат, секако и среќата беше на страната на Академија Пандев изјави за дриблинг  Југослав Тренчовски.

„Дисциплината и карактерот на тимот го добија натпреварот. Нема да бидам реален ако не кажам дека и среќата денес беше на наша страна. Шкендија е голем тим со огромен фонд на играчи и мислам дека многу бргу ќе се врати на победничките патеки. Упатувам искрени честитки и до нив за убавиот и допадлив фудбал кој го играат и знам дека многу бргу ќе ги пребродат овие моменти. Сепак повторно ќе нагласам пристапот во денешниот натпревар и среќата беа пресудни за нашата победа“ – изјави Тренчовски, тренерот на Академија Пандев.

Струмичани славеа со голот на Сашко Пандев од слободен удар во 55 минута од средбта.