Југослав Тренчовски по денешниот нерешен резултата без голови на Академија Пандев со Борец , поднесе оставка од позицијата тренер во екипата.

Академија Пандев не ја започна сезоната според планираното, Тренчовски реши да ја превмезме одговорноста.

„Оставката се надевам дека ќе допринесе да дојде до промена во играта, верувам дека тимот може да стигне до зацртаната цел сезонава, Академија Пандев има добар колектив, сметам дека мојата оставка може да биде импулс да се сменат резултатите“ – изјави Тренчовски.

Тренчовски е во Академија Пандев од формирањето на клубот, под негово раководство екипата запиша историски резултати, го освои Купот на Македонија, оставката е од морални причини, спортски потег на сега поренашниот тренер на клубот од Струмица.