Академија Пандев е хит во ПМФЛ, по четири кола е на првата позиција, од максимални 12 бида освои 10, ја победи Шкендија во првото коло и најави дека има капацитет за висок пласман сезонава.

Тренерот, Југослав Тренчовски за дриблинг.мк изјави дека ваков резултат е над очекувањата но еуфорија нема, првенството е долго и ќе биде израмнето и интересно.

„Искрено не очекувавме ваков резултат, имавме тежок распоред, на отварањето игравме со шампионот Шкендија. Ова е само почеток на првенството, ние имавме добар старт и изминатите две сезони. Еуфорија нема, претстои пауза, имаме играчи кои имаат обврски со репрезентациите, Дориев, Крстовски, Јованов,Денковски и Николов и ке се обидеме да се консолидираме и да ги вратиме повредените Стоилов, Темелков и Миловановиќ со што ќе имаме поголема конкуренција во тимот. Размислуваме позитивно, но и критички, препреките ги минуваме една по една. Ова првенство ке биде едно од најизрамнетите досега“- изјави Тренчовски.