Вардар ја победи Академиа Пандев на дербото од 8. коло во ПМФЛ, минимално со 1-0, тренерот на тимот од Струмица, Југослав Тренчовски, не е задоволен од судењето во Скопје.

Тренчовски смета дека ова бил израмнет натпревар, судењето калкулантско, Акдемија Пандев оштетена.

„Тежок натпревар без многу убавина, Вардар добар во првиот дел, ние со поголема иницијатива во вториот дел. Штета што еден спорен момент го одлучи овој натпревар. Ја гледам и сега снимката и можам да кажам дека ова не е пенал. Ако ова е пенал тогаш на секој натпревар би требало да има по 5-6 пенали. Повеќе ме иритира калкулантското судење после тој спорен пенал. Имаше офсајд ситуации кои не постојат и контра прекршоци кога ние посериозно ќе се доближиме до противничкиот шеснаесетник. Ќе анализираме, имаше уште неколку спорни ситуации и со управата на клубот ќе завземеме став. Во секој случај и јас имам своја вина со изборот на тактичката поставеност. Како и да е, ние треба да ги бараме грешките и во нашите редови, мораме да го подигнеме нивото на играта. За сето тоа јас имам најголема одговорност, имам одличен тим и мора да се подобриме во иднина, но на вакви судиски одлуки не можам да бидам имун. За крај ќе кажам за поразот покрај судиската одлука виновни сме ние на чело со мене„ – изјави за дриблинг.мк тренерот на Акдемија Пндев, Тренчовски.