Академија Пандев е лидер во ПМФЛ по три одиграни кола, тимот од Струмица со 7 бода води на првенствената табела по победата над Борец со 2-0.

Тренерот на Академија Пандев, Југослав Tренчовски е скромен и не е во еуфорија, ова е почеток на сезоната и до крајот се е можно.

„Одигравме тежок и исцрпувачки натпревар, факт е дека не играме на препознатливо ниво, можеби раните подгтовки и настапите во Европа лигата не истрошија, можеби топлото време, но секогаш сум искрен и со ваква игра, движење и тактикачка дисциплина нема да можеме да направиме многу. Знам дека резултатие се памтат и тие ни се наклонети, но во иднина треба и мораме многу повеќе“ – изјави за дриблинг.мк Тренчовски.

Што се однесува до натпреварот со Борец, смета дека тимот од Велес има капацитет данапредува резултатски.

„Честитки за противникот, реално одиграа добар натпревар, сметам дека ако играат вака и во иднина ќе се консолидираат набргу, честитки за фер и добрата игра“ – вели Тренчовски.

Академија Пандев е лидер пред Ренова, двете екипи имаат по 7 бода од три натпревари.

Табела:

1. АК. Пандев 7

2. Ренова 7

3. Струга 6

4. Македонија Ѓ.П. 5

5. Шкупи 4

6. Вардар 4

7. Работнички 3

8. Силекс 3

9. Шкендија 1

10. Борец 1