Освојувачот на националниот Куп, Академија Пандев со еден бод се врати во Струмица по гостувањето кај Македонија ЃП во 2 коло од ПМФЛ. Предводникот на сините, Југослав Тренчовски признава дека натпреварот не изобилуваше со атрактивна игра.

„Тежок, цврст натпревар во кој доминираше таткичкото надмудрување, имаме позитивни импресии со оглед на тоа дека освоивме бод на гостински терен. Далеку од тоа дека ние создадовме посериозни шанси. Мислам дека Македонија ЃП има одличен состав со искусни но и млади играчи и верувам дека можат да направат поголем резултат во однос на минатата сезона.“- изјави за Дриблинг.мк тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски.

„Во Маслаќ добивме одлучно засилување но допрва од него ќе го очекуваме најдоброто.“ – вели за Дриблинг.мк тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски.

Во следното коло, Академија Пандев ќе го пречека Борец.