Зрињски Мостар се покажа како пресилен залак за Академија Падев во воведниот натпревар од првото коло од квалификациите за пласман во групната фаза во Лига Европа.

Југослав Тренчовски по дуелот ја презеде вината за поразот, честитајќи му ја победата на Зрињски.

„Погрешив во некои одлуки, за кои лично одговарам јас. Знам дека овој тим може повеќе. Неискуството си го стори своето. Бевме преимпресионирани во првиот настап. Го загубивме мечот со рано примениот гол, како и во средината на теренот каде противникот беше доминантен. Ова беше лошо издание за Академија Пандев. Уверен сум дека не може да повториме ваков втор натпревар. Вината за поразот паѓа на мене. Но, во овој момент, Зрињски е далеку поквалитетен тим од нас. На ревашот ќе се обидеме да ја вратиме психолошката стабилност.“ –  истакнаТренчовски.

На Арената „Тодор Проески“ во Скопје, освојувачот на националниот Куп, загуби од Зрињски Мостар со 3:0.