Академија Пандев в четврток  ќе го одигра првиот историски меч во Европа лигата, квалификациски против Зрињски во Скопје каде ќе бара шанса за добар резултат и прогрес во второто  коло.

Тренерот на струмичани, Југослав Тренчовски е задоволен од одработеното на подготовките, екипата е подготвките за новиот предизвик, противникот е фаворит поради искуството, но тимот од Струмица е „гладен“ за докажување.

„Зрињски во последните шест години четири пати беше шампион на БИХ, имаат искуство и квалитет, важат за фаворити, физички се добро подготвени, формациски играат 4:3:2:1, клучни играчи им се Јаковлевиќ, Хадџиќ, Бркиќ, Совсиќ, Рустемовиќ и Лендриќ. Нашата младост  и неискуство е наш хендикеп,  но во фудбалот се случуваат чуда, ние ке играме со срце и ке се обидеме да стигнеме до поволен резултат, се надеваме дека ќе испишеме  нова страница во клупската историја, ќе дадеме се од себе да го минеме првиот круг“– изjави Тренчовски за дриблинг.

Академија Пандев в четврток на арената „Тодор Проевски“ ќе го пречека Зрињнски со почеток од  19 часот.