Утре на арената „Тодор Проески“ се игра супер дерби во ПМФЛ, дуел на двете првопласирани екипи кои импресионираа по седум одиграни натпревари.

Тренерот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски смета дека Вардар е фаворит, се освен победа за екипата од Струмица ќе биде успех од ова гостување.

„Не очекува тежок натпревар, традицијата вели дека кога играме со Вардар не поминуваме со поволен резултат. Го следев Вардар изминативе неколку натпревари, играат извонредно, како да не станува збор за домашна екипа, ме потсетуваат и поради формацијата која ја преферираат на некој Аргентински тим. Функционираат беспрекорно и во двете фази на транзиција, но секако ја имаат доведено играта до перфекција и во брзиот притисок на противничка половина како и во постапната организација на нападот. Стручниот штаб на Вардар и играчите заслужуваат огромни честитки и респект за тоа што го прикажуваат во изминатиот период. Ние ќе се обидеме да одиграме мудро и секој резултат освен пораз ќе биде огромен успех за нас. Како и да е очекувам добар натпревар и квалитетен фудбал„ – изјави за дриблинг.мк Тренчовски.

Натпреварот меѓу Вардар и Акдемија Пандев се игра утре од 15 часот.