Тренер на една млада италијанска фудбалска екипа е отпуштен по победа на неговиот тим од 27:0, бидејќи оставил лош пример на децата и им покажал пример на непочитување на противникот.

Младиот тим на екипата Инвиктазуро ја победи екипата на Марина калчо со 27:0, но ваквиот резултат не и се допаднал на управата на победничкиот клуб.

„Бевме во неверување и тажни кога слушнавме дека јуниорскиот тим ја победи Марина калчо со 27:0. Вредностите во младинскиот фудбал се спротивни на тоа. Противникот секогаш мора да го почитувате, а тоа не се случи.“ – навел претседателот на клубот Паоло Брогели, а пренесоа италијанските медиуми.

Тој и се извини на противничката екипа поради убедливиот пораз истакнувајќи дека управата донела едногласна одлука за отпуштање на тренерот.