Експедицијата на Манчестер Јунајтед се наоѓа на подготовки во Австралија и тамошните медиуми јавуваат дека еденод членовите на стручниот штаб на клубот бил пренесен во болница во Перт, наводно поради предозирање.

Станува збор на маж на возраст од 50-тина година, а болницата се уште ја нема објавено детално неговата состојба, но велат дека е стабилен.

Клубот вели дека тој се разболел за време на ноќта и завршил во болница.

Од Манчестер побарале докторите да ја почитуваат доверливоста, а не е познато дали членот на клубот користел лекови или опијати.