Натпреварот меѓу Лидс и Ливепрул во Премиер лигата, вчеравечер започна со мини протести пред „Еланд Роуд“ а пред почетокот на дуелот на теренот, домаќините излегоа со маички на кои имаше натпис: Лига на шампиони, заслужетети си го местото, фудбалот е за навивачите.

На ова со интересна изјава се надоврза и тренерот на Лидс, Марсело Биелса.

„Секако дека таа лига ќе му наштети на фудбалот. Сепак ова не треба да не изненадува. Посилните клубови мислат дека имаат најголемо влијание на целокупната заработка. Спортот е прекрасен затоа што им дава можнот на послабите клубови да блеснат. Меѓутоа логиката во светот во која е и фудбалот е богаташите да станат уште побогати а сиромашните уште посиромашни.“ – вели Биелса.

Лидс и Ливерпул ремизираа 1:1 во натпреварот кој го одбележа протестот на почетокот од мечот.