Манчестер Јунајтед со пресврт славеше на гостувањето кај Астон Вила, но за израмнување постигна гол од пенал преку Бруно Фернандес.

Предводникот на Астон Вила, Дин Смит по натпреварот го нападна Погба но и судијата за досудениот пенал.

„Ми се смачи веќе да зборувам за пеналите кои Јунајтед ги добива против нас. Погба се заплетка и доби пенал. Даглас не требаше воопшто да му даде причина за да падне. Овој контакт не беше за пенал. Патетична одлука на судијата. Сите се збунети како Стерлинг издржива пет шест контакти пред да падне и да добие чист пенал како против Челси. Тука еден контакт и одма паѓа Погба и добива пенал.“ – вели Смит.