Хајко Херлих ќе го пропушти натпреварот на неговиот Аугсбург во Бундеслигата поради прекршување на правилото за карантин.

Тој го напуштил хотелот каде престојувал со екипата во карантин, отишол во најблискиот супермаркет за да си купи паста за заби и го прекршил правилото на карантинот.

Сфатил дека направил грешка и ќе мора да биде седум дена во изолација, со тоа ќе го пропушти натпреварот на Аугсбург против Волфсбург кој е на програмата утре.