Роберт Левандовски треба да ја добие Златната топка, смета тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман.

„Левандовски ја заслужува Златната топка. Мислам дека треба да го добие признанието, бидејќи во последните три години беше поконзистентен од кој било друг фудбалер. Роберт е многу динамичен, има малку повреди, тренира интензивно“- истакна Нагелсман за „Абенцајтунг“.

Полскиот фудбалер минатата сезона настапи на 40 натпревари за Баерн во сите натпреварувања, постигнувајќи 48 гола и девет асистенции.

Во тековната сезона, Левандовски настапи на седум натпревари од германското првенство, постигна седум гола и оствари една асистенција.