Откако заврши одлична работа прво во Хофенхајм, а потоа и во РБ Лајпциг, ова лето Јулијан Нагелсман доби можност на најголемата можна сцена во Германија.

Младиот специјалист, кој има само 34 години, стана тренер на Баерн, а неговиот поранешен клуб РБ Лајпциг доби обештетување од 25 милиони евра, што е рекордна сума што еден клуб ја платил за тренер во историјата на фудбалот.

Покрај тоа што е најголем тренерски талент во Германија, и веројатно низ целиот свет, Нагелсман е и голем обожавател на видео технологија. Според тоа, тој изнесе идеја што е, благо речено, контроверзна.

Зборувајќи за тоа што треба да се направи за да се направи фудбалот уште попривлечен, Нагелсман направи споредба со – американскиот фудбал (НФЛ).

“Американскиот фудбал е многу технолошки понапреден од фудбалот. Таму, бекот има слушалки и може да ги слуша инструкциите на неговиот тренер. Тоа е нешто што апсолутно ни треба”, нагласи Нагелсман.

„Фудбалот мора да престане да се крие зад традицијата и мора да направи револуција“.