Тренерот на Баерн Минехен, Хански Флик е радосен тоа што ФИФА одлучи во текот на натпреварите една екипа да има право на пет измени.

Бундеслигата продолжува овој викенд после двомесечна пауза поради пандемијата од КОВИД-19.

„ Се радувам со тоа што ќе имаме право на пет замени. Не очекуваат многу мечеви и драго ми е што изморените фудбалери ќе имаат повеќе шанса за одмор. Во овој момент не би знаеле дали сите играчи се подготвени да ги издржат сите 90.минути“- изјави Германецот.

За потсетување, сите натпревари во Бундеслигата ќе се играат пред празни трибини.