Дарко Чурлинов денеска го постигна дебитантскиот гол за Штутгарт, македонскиот репрезентативец со гол учествуваше во победа на својот тим против Динамо Дрезден.

Тренерот на Штутгарт со пофални зборови за Чурлинов.

„Дарко има силен менталитет, тој е одличен играч и работи посветено и вредно на тренинзите“ – изјави Пелегрино Матарацо.