Борусија Дортмунд победи против РБ Лајпциг со 4:1 во финалето на германскиот Куп во Берлин.

Својот прв трофеј во кариерата го освои Един Терзиќ, кој Борусија ја презема по отказот на Лусиен Фавре во декември 2020 година. Јулијан Нагелсман пак од Лајпциг се збогува без трофеј и од лето ќе го води Баерн Минхен.

По натпреварот Терзиќ ги насмеа сите кога се обиде да го пофали ривалот.

„Ред Бул играше многу добар натпревар“– изјави Терзиќ.

Така веројатно го повреди противникот од Лајпциг. Се извини и потоа противникот го спомена со вистинското име.

Ред Бул е сопственик на Лајпциг, но РБ во клупското име не значи Ред Бул, туку РазенБалспорт Лајпциг.