Партизан во шокантна завршнициа во Хаг прими два гола од АЗ Алкамр,  испушти победа во последните минути од мечот, средбата заврши 2-2, тимот од Белград е елиминиран од Европа лигата на коло до крајот.

Тренерот на Партизан, Саво Милошевиќ изјави дека измените кои ги направил направиле конфузија во играта, сепак не е разочаран од елиминацијата.

„Тажен сум ама не и разочаран, задволен сум се што направивме во Европа лигата. Влеговме конфузно во последните 10 минути од натпреварот, проблем се измените кои ги направив, одговорноста е моја“ – изјави Милошевиќ.

АЗ АЛкмар со гол во 92 минута стигна до 2-2 и ги продолжи настапите во Европа лигата, за Партизан тоа значеше крај…