И покрај победата на Барселона над Интер од 2-1 незадоволството од тренерот Ернесто Валверде не се намали. Шпанските медиуми јавуваат дека негов наследник ќе биде предводникот на Ривер Плата Марсело Галјардо.

Аргентинецот последните сезони се смета за најдобриот тренер во Јужна Америка, а според многумина тој е главната сила на Ривер кој минатата сезона го освои Копа Либертадорес со аргентинскиот гигант.

Сезонава Ривер Плата и Галјардо се на добар пат да го повторат тој успех, откако по првиот меч од полуфиналето имаат предност од 2-0 против вечниот ривал Бока Јуниорс. Директорите на Барселона оствариле првичен контакт, двете страни се заинтересирани да дојде до соработка.