Саутемптон беше декласиран од Лестер  со 9-0 на домашен терен, „лисиците“ со ова го израмнија рекордот на Јунајтед од 1995 година кога клубот од Манчестер оствари идентичен резултат против Ипсвич.

Тренерот на Саутемптон, Ралф Хазенхитл, по овој срамен пораз им се извини на навивачите за катастрофата.

„Не знам што да кажам, сакам искрено да им се извинам на сите навивачи за поразот“ – изјави Австриецот на клупата на Саутемптон.

Засега нема рекација од раководството на клубот па останува да се види дали Хазенхитл ќе го „преживее“ овој пораз.