Вест Хем е најголемото и најпријатното изненадување во Англија, клубот е во борба за пласман во Лигата на шампионите, медиумите во Англија најавија дека е можен трансфер на напаѓачот на Челси, Тами Абрахам.

Дејвид Мојс кој е инспиратор на успесите на Вест Хем, реагираше на овие тврдења од медиумите.

„За Абрахам цената сега е 50 милиони евра, тоа значи дека нема да го купиме. Со ваква цена ние нема да влеземе во преговори, нема шанси да потрошиме толку пари на ниту еден фудбалер“, изјави Мојс.