Половина од преостанатите шест екипи во групната фаза во Лигата на шампиони ќе бидат познати вечерва по одигрувањето на првите три реванш плеј оф пресметки.

Најголеми шанси да обезбеди пласман во групите во најелитното европско фудбалско натпреварување има Динамо Киев, кој на домашен терен го пречекува белгиски Гент со предност од 2-1.
Грчки Олимпијакос и гостува на кипарска Омонија со предност од 2-0 од првиот меч во Атина, додека уште еден неизведен меч се очекува да одиграат Ференцварош и Молде.

Унгарскиот првак на првиот меч во Норвешка одигра 3-3 во меч со многу пресврти.

Последните тројца патници во групната фаза во ЛШ ќе бидат познати в среда по пресметките помеѓу Митјиланд и Славија Прага, ПАОК – Краснодар и Салцбург – Макаби Тел Авив.