Италија ја победи Турција со 3:0 во првиот натпревар, што е прв пат во историјата на оваа земја да постигне три гола на еден натпревар на Европското првенство од првото учество во 1968 година.

Освен италијанскиот рекорд, победата од 3-0 на отворањето на Европското првенство е најубедливата победа досега забележана на првите натпревари на овој турнир.

Вториот и третиот погодок за Италија ги постигнаа Имобиле и Инсиње, додека првиот погодок беше дело на стоперот на турската репрезентација Мерих Демирал, кој на тој начин влезе во историјата, но на негативен начин.

Имено, ова е исто така прв пат во историјата првиот гол на евро да биде автогол.

Преостанатиот натпревар од групата А меѓу Велс и Швајцарија е на програмата во сабота, на 12 јуни, додека во истиот ден ќе се играат натпреварите од групата Б меѓу Финска и Данска, односно Белгија и Русија.