Капитенот на АЕК Ларнака  и репрезентатвец на Македонија, Иван Тричковски, постигна два гола, неговиот тим славеше победа над Горник со 2-1, натпревар од пријателски карактер.

Тричковски голвоте ги постигна во првото полувреме на натреварот, тој од претходно е назначен за капитен на тимот во кој е лидер и инспиратор, игра во добра форма пред почетокот на сезоната. За Тричковски ова  е четврти гол во подготовките.