Иван Тричковски ќе ја продолжи соработката со кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака, објавија од клубот.

Поранешниот македонски репрезентативец веќе пет години е на Кипар, игра во одлична форма, од клубот не соопштуваат детали, но тој останува во АЕК Ларнака.

Тричковски има догвор до 30 јуни 2022 година, не е познато на колку ќе ја продолжи соработката, има 34 година, во досегашната кариера освен за овој тим има играно за Вардар, Работнички, Црвена Звезда, Енозис, Апоел, Бриж, Васланд Беверен, Ал-Наср и Легија од Варшава.