Македонската фудбалска репрезентација го одржа првиот тренинг во Израел, подгтовени сме з аовој предизвик во квалификациите, сакаме победа и тоа го можеме.

Иван Тричковски допатува директно во Израел, го одработи првиот тренинг, атмосферата во тимот е одлична, сите со нетрпение го очекуваат дуелот во четврток.

„ Сигурно најважно од се ќе биде како ќе се претставиме ние, максимално ќе се ангажираме, индивидуално и екипно, Израел е солидна репрезентација, игра дома, тоа е предност за нив, имаме ние време за подготовка, се надевам на добар резултат “ – изјави Тричковски.

Израел и Македонија се среќаваат во Беер Шева на 5 септември, натпреварот започнува од 20-45 часот со пренос на Спортклуб.