АЕК Ларнака победи против Паек со 3:0 а нашиот поранешен репрезентативец, Иван Тричковски го постигна првиот гол на натпреварот.

За Напаѓчот ова беше седми гол во шестото коло во првенството на Кипар, каде во моментов е на првото место на листата на стрелци.

Тричко запиша 200 меча во дресот на АЕК Ларнака, најави кога ќе ја заврпи кариерата во овој клуб.

„Тука сум шест години и стигнав до 200 меча во овој дрес, тоа е нешто посебно. Го продолжив договорот,  оваа сезона ја почнавме извонредно, резултатот и голот е еден подарок за сите. Кога ќе освојам титула, ќе може да кажам дека мојата должност кон АЕК ја остварив. Ова е мојот втор дом и многу го ценам“ – изјави Тричковски.