Иван Тричковски во изјава за медиумите од Грција говореше за пласманот на Македонија на ЕУРО, селекторот Ангеловски не обедини, за Пандев можеме да зборуваме со денови, и повторно нешто ќе остане недоречено, кажа Тричко во интервју за „gazzetta.gr“.

Верувавме во себе, знаевме дека можеме да дојдеме до победа, на финални мечеви нема фаворити, ова се игра еднаш, ние конечно дојдовме до Европско првенство, вели Тричковски.

„Изминатите години ние никогаш не ни бевме блиску до пласман на ЕП, успеавме сега со враќањето на Пандев, со „хемијата“ која се создаде во тимот, ние верувавме во себе. За Пандев можеме да зборуваме со денови и повторно ќе биде нешто недоречено, тој е наш фудбалски бог и инспирација. Се започна пред 5 години, завршу успешно сега, за тоа е важна и улогата на селекторот Ангеловски, ова е како бајка, ние конечно успеавме да се пласираме на Европско“ – изјави Тричковски.