Mакедонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски Левски Софија ќе го памети уште долго време откако Македонецот ги постигна сите погодоци во триумфот на неговиот тим со 4:0.
Популарниот Тричко прецизен беше откако по два гола постигна во двете полувремиња. По мечот изјави дека ова му се случува првпат во кариерата.
– Одигравме добар натпревар, но знаевме што можеме да очекуваме од противникот. Ги искористивме шансите, а јас првпат во кариерата постигнав четири голови и многу сум горд на тоа. Сакаме да стигнеме што подалеку, но ќе имаме и потешки противници, – изјави Тричковски по мечот во Софија.
Comments are closed for this post.