Напаѓачот на Барселна Тринкао минатото лето се пресели во редовите на „каталонците“ но неговиот талент очигледно не дојде до израз и тој не доби голема минутажа во редовите на каталонскиот гигант.

Тринкао оваа сезона постигна само 3 гола и запиша 2 асистенции, а Барселона е спремна да го продаде на лето.

Најновите информации го поврзуваат Португалецот во Серија А односно во редовите на Милан и Рома.

Рома има поизгледни шанси за негов трансфер , бидејки негов агент е Жорге Мендеш кој е близок пријател со Мурињо кој е нов предводник на „волчицата“.

Трансферот би можел да се реализира на едногодишна позајмица со право на откуп за 25 милиони евра.