Англискиот фудбалски репрезентативец Кјеран Трипие според англиските медиуми веќе е во Шпанија, за да го комплетира неговиот трансфер од Тотенхем во Атлетико Мадрид, трансфер кој според очекувањата треба да изнесува околу 20 милиони фунти.

Лондонскиот фудбалски клуб во текот на утрешниот ден треба да замине на претсезонски подготовки во Сингапур, а Трипие според пишувањата на англиски „Телеграф“ нема да отпатува со тимот пред се поради фактот дека трансферот треба да биде комплетиран.

Тимот од Мадрид со Трипие треба да ја комплетира листата на фудбалери кои беа планирани како засилувања на тимот во пресрет на новата сезона.