Синиша Михајловиќ минува низ најтешкиот период во својот живот, но ја има целата поддршка од своето семејство.

Колку неговата сопруга и нивните пет деца се трудат да му ја покажат својата љубов се гледа од фотографијата која сопругата Аријана ја постави на својот инстаграм.

Покрај Михајловиќ, кој е во маицата на Болоња, е неговата ќерка Вирџинија, а тука се и синовите Душан, Николас и Мирослав, како и сопругата Аријана. Сликата ја направи неговата најстара ќерка Викторија.

Михајловиќ боледува од леукемија.