Барселона ќе ја искористи можноста со дозвола на шпанската федерација да ја засили својата офанзивна линија и да најде замена за повредените Суарез и Дембеле, и покрај завршениот јануарски преоден рок.

Во краткиот список на Барселона се три имиња: Анхел Родригез од Гетафе (цена 10 милиони евра), Лукас Перез од Алавес (15 милиони евра) и Борха Инглезиас од Бетис (60 милиони евра).

Според информациите на новинарот на Onda Cero, Алфредо Мартинес, редоследот на приоритетите е токму таков каков што е наведен погоре.

Исто така, постои информација дека Барселона се интересира и за Кристијано Стуани од Герона.