Островски „Дејли Меил“ пренесува дека сите вработени како доктори и лекарски персонал во фудбалските клубови од Премиер лигата се свикани на итен состанок откако кај тројца фудбалери од ист клуб имале симптоми на Коронавирус.

За попладнево е закажан кризен состанок на кој ќе се разгледуваат опциите околу евентуално одложување на колото закажано за овој викенд во сите фудбалски конкуренции во Англија.

Непознато е за кој клуб станув збор и кои се играчите а повеќе информации ќе има по состанокот на докторите од 20 клубови од Премиер лигата.