Продолжувањето на сезоната во најсилната фудбалска лига во Шпанија, Ла Лига има се помали шанси да се случи. Најавениот рестарт е стопиран поради новите случаи со заразени со Ковид-19.

Откако стана познато дека Лоди од Атлетико Мадрид, Ремиро од Реал Сосиедад и Херера од Гранада се позитивни на коронавирусот, шпанското радио „Кардена Сер“ тврди дека три нови случаи се забележани во Бетис.

Тројца играчи биле асимптоматични но и покрај ота, тие добиле забрана да учествуваат на денешниот тренинг. Ова досега не е потврдено но ни демантирано од Бетис.