Поранешниот тренер на ПСЖ, Томас Тухел, официјално е нов  предводник на Челзи, желбата е излез од кризата.

Поради ситуацијата која што им се случи на сините што резултираше со отказ за Лампард, расипана е атмосферата, а Тухел ќе има пеколно тешка задача да ги доведе работите под контрола.

Не само поради заминувањето на Лампард, туку и поради проблемите кои се случуваат на теренот.

Медиумите на Островот пренесуваат дека капитенот Цезар Аспиликуета, имал проблематичен однос со стоперот Антонио Рудигер и дека тензиите почнале отказот на тренерот. Токму Рудигер, заедно со Маркос Алонсо и Жоргињо се тројцата играчи кои Лампард не сакаше да ги има во својот тим. Германецот не играше на многу натпревари, па поради несогласувањата меѓу нив растеа од ден во ден.

Играчите во секој случај биле незадоволни, но на некој начин се обидувале да ја спуштат топката и да се вклопат во колективно, што сепак на крајот испаднало касно. Тухел пред себе ќе има не баш едноставна работа.