Тренерот на Челзи, Томас Тухел, изјави дека Ромелу Лукаку е фантастичен играч, секој би посакал да го има во екипата, со тоа Германецот го најави можниот трансфер на Белгиецот во Премиер лигата.

„Лукаку е фантастичен, но не сакам да зборувам за играчи кои не се во мојот тим, знам дека секој играч во светот би сакал да биде игра за Челзи“ – изјави Тухел и ги зголеми шпекулациите дека Белгиецот е на пат за Лондон.

Медиумите во Англија но и во Италија тврдат дека е прашање на време кога Интер ќе попушти и ќе ги прифати понудените 130 милиони евра.

Според Алфредо Педула, Лукаку ќе заработува над 15 милиони евра годишно во Челзи, веќе му соопштил на Интер дека е спремен за трансфер.