Челси го елиминира тимот на Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите, закажа англиско финале со Манчестер Сити, а тренерот кој го прероди тимот, Томас Тухел со предупредување за Пеп Гвардиола.

Германецот на клупата на Челси изјави дека екипата е гладна за успех, титулата е приоритет во Истанбул

„Горд сум на тимот, од моментот кога дојдов ја видов желбата за успех на овие играчи и храброста која ја поседуваат. Одиме во Истанбул, одиме на победа, тоа треба да го знае Пеп и Манчестер Сити“ – изјави за Скај Германија Тухел.