Томас Тухел и Килијан Мбапе во последниот период не се во најдобри односи, а доказ за тоа е тоа што во Лигата на шампиони на мечот против Бриж французинот влезе од клупата за резерви.

Тоа не му сметаше на Мбапе кој постигна 3 погодоци во половина час и уште еднаш го покажа сиот потенцијал. Ваквите случувања во Париз бурно ги следи Реал Мадрид кои ќе направат се да го доведат Мбапе во своите редови.

Доколку се случи такво сценарио „кралевите ќе мора да му инкешираат 300 милиони евра со што би бил урнат рекордот на Нејмар, кој од Барслона во ПСЖ премина за 220 милиони.