Управата на Челси е подготвена да достави понуда од 100 милиони фунти до Тотенхем за ангажман на Хари Кејн.

Англискиот репрезентативен напаѓач ова лето се очекува да го промени клубот а интересе за него има од повеќе клубови.

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити беа издвоени како први фаворити за неговиот потпис, но според островските медиуми, Челси исто така е сериозно заинтересиран за ангажман на првата ѕвезда на Тотенхем.

Тухел во Кејн гледа логично решение за нападот каде сака да форммира тројка од Кејн, Хаверц и Вернер.

Ако успее да го купи Кејн, Челси ќе го продаде Абрахам а можно е да се ослободи и од Пулишиќ.