Томас Тухел  сака сериозно да го засили тимот на европскиот шампион и побара од управата на Челзи ова лето да му го донесе Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, пишува Мирор.

Германски Билд реагираше на оваа вест со објаснување дека нема да има ништо од тој трансфер годинава.

Халанд има договорна клаузула според која може да замине за 75 милиони евра, но само во летото 2022 година. За следната сезона, Борусија сериозно смета на него и бара дури 175 милиони за предвремена разделба со Норвежкиот напаѓач.

Затоа трансферот ова лето не е реален, но доколку се реализира, тој ќе биде втор по големина на сите времиња. Рекордер е сепак Нејмар, кој од Барселона премина во ПСЖ за 222 милиони евра.

“Ништо не се смени. Планираме следната сезона со Ерлинг”, изјави за Билд спортскиот директор на Борусија, Мајкл Зорк.

Промена може да се случи доколку Челзи сепак се согласи на обештетување од 175 милиони евра, бидејќи разликата од 100 милиони на германскиот клуб веројатно вреди повеќе од 40 гола што Норвежанецот би можел да ги постигне следната сезона. Досега тој постигна 57 на 59 официјални натпревари.