Челси е во финалето на Лигата на шампионите, а Томас Тухел со тоа испиша историја во елитното натпреварување.

Германскиот тренер на клупата на Челси со овој резултат сезонава, стана единствениот тренер во Лигата на шампионите кој два пати во низа доаѓа до финале со два различни клуба.

Тухел минатата година загуби од Баерн во финалето како тренер на ПСЖ, а сега оди по титула со Челси против Манчестер Сити.