Челси и Реал Мадрид вечерва играат за финале во Лигата на шампионите, тимот од Англија има предност по првата средба со позитивни за нив 1-1.

Томас Тухел најави дека Челси нема да калкулира, ќе игра на победа, тоа е првата опција за вечерашниот дуел.

„Ова е голем предизвик, полуфинале, стигнавме до тука, сакаме финале. Нема што да криеме, заслуживме да стигнеме до финале, ние играме на победа на секој натпревар, така ќе биде и вечерва на реваншот, резултатот од првата средба за нас не важи“ – изјави Тухел.