ПСЖ вечерва ќе му гостува на Манчестер Јунајтед со желба да се одмази за двата порази на домашен терен во ЛШ од оваа и од минатата година.

Маркус Рашфорд се очекува сепак да биде дел од првиот тим на Солскјер. Англичанецот реализираше на последните две соочувања со првакот на Франција а тоа не го радува многу тренерот на ПСЖ, Томас Тухел.

„Го почитуваме многу, без разлика дали игра за Англија или против нас, затоа што тој постигнува многу голови против ПСЖ, тоа не нервира. Тој е младо момче кој е искрено, игра импресивен фудбал, се е тоа е одлично, но за мене од спортската страна гледано, неговата брзина е голема опасност по нас, особено што има неверојатна желба да постигнува голови.“ – вели Тухел.